Нова винарница почна да работи во кавадаречкото село Марена. Почетокот на работата на винарницата изградена со американски капитал го означи министерот за земјоделство Љупчо Димовски. Менаџерот на новата винарница „Повардарие Аневски“, Ѓорѓи Бебеџаков, го запозна министерот со плановите на винарницата. Се работи за винарница што има капацитет да преработи милион килограми грозје во околу 700 илјади литри вино. Но наша тенденција е преработувачкиот капацитет да се зголемува од година во година. Ќе стартуваме со производство на налевно вино од повеќе сорти грозје, а флашираното вино секако дека е во нашите планови. За виното што ќе го произведеме веќе однапред имаме обезбедено пласман - појасни Бебеџаков. Министерот го проба грозјето за кое рече дека е стратегиско за производство на вино.
Нова винарница почна да работи во кавадаречкото село Марена. Почетокот на работата на винарницата изградена со американски капитал го означи министерот за земјоделство Љупчо Димовски.
Менаџерот на новата винарница „Повардарие Аневски“, Ѓорѓи Бебеџаков, го запозна министерот со плановите на винарницата.
- Се работи за винарница што има капацитет да преработи милион килограми грозје во околу 700 илјади литри вино. Но наша тенденција е преработувачкиот капацитет да се зголемува од година во година. Ќе стартуваме со производство на налевно вино од повеќе сорти грозје, а флашираното вино секако дека е во нашите планови. За виното што ќе го произведеме веќе однапред имаме обезбедено пласман - појасни Бебеџаков. Министерот го проба грозјето за кое рече дека е стратегиско за производство на вино.
- Можам да кажам дека „смедеревката“ е многу барана годинава, се почитува договорената основна цена од 11 денари за килограм, а согласно шеќерните единици, цената оди нагоре - нагласи Димовски.
Тој изрази задоволство од тоа што гроздоберот се одвива без проблеми, зголемен е извозот на вино, а намален извозот на грозје. Последното, рече, е добро бидејќи го заштитуваме домашното винско производство оти ако другите направат вино од нашето грозје, ќе ни бидат конкуренција на пазарите. Министерот се осврна и на зголемениот извоз на земјоделски производи на рускиот пазар и тоа за 180 отсто.